Интересни дуели ќе гледаме во четвртфиналето на ЛШ

Со одигрувањето на реванш осминафиналните дуели познати се двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во нив, ќе гледаме, најмалку три, дерби дуели кои според имињата на тимовите се мега дуели. Сигурно најголемо внимание ќе привлече двомечот на најтрофејниот во ова натпреварување Реал Мадрид и германскиот гигант Баерн Минхен. Ни малку по неизвесни би требало да бидат дуелите меѓу актуелниот европски шампион ПСЖ и англискиот Ливерпул. Интересно се оекува да биде и шпанското дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Ова особено ако се имаат во предвид нивните неодамнешни дуели во Купот на Шпанија. Атлетико го доби оној во Мадрид до 4-1, а Барселона славеше со не доволни 3-0 на „Камп Ноу“. Навидум, Арсенал ќе ја ма улогата на благ фаворит во дуелот со португалскиот првак Спортинг Лисабон.