Властите во Обединетите Арапски Емирати ги затворија гасните капацитети во емиратот Абу Даби по ракетен напад. „Властите реагираат на инцидентите во гасните капацитети Хабшан и на полето Баб, предизвикани од паѓање на остатоци од успешно пресретнување ракети“, соопшти владата во Абу Даби рано утрово. „Гасните капацитети се затворени и не се пријавени штети“, се додава во соопштението, без да се наведат дополнителни детали за природата или степенот на штетата. Засега е нејасно колку долго капацитетите ќе останат затворени, пренесува ДПА. Изјавата, објавена од канцеларијата за комуникации на Абу Даби на социјалната мрежа Х, не прецизираше кој е одговорен за нападот. Иран постојано гаѓа локации во Емиратите од почетокот на војната на Блискиот Исток пред повеќе од две и пол недели.