Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица

Ноќеска во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода 40-годишниот Е.Е., 48-годишниот Б.С., двајцата од Гостивар и 70-годишниот Ќ.Р. од село Врањовци, гостиварско.