Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

Премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христиан Мицкоски извести дека денеска присуствувал на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутирале клучни прашања за иднината на нашиот континент.