Тројца повредени, десетици згради оштетени во серијата напади со дронови врз Одеса

Три лица се повредени, а повеќе станбени објекти оштетени во нападот со дронови извршен ноќеска врз украинскиот пристаништен град Одеса, соопшти началникот на градската воена администрација, Серги Лисак. Двајца од повредените се хоспитализирани. Во нападот биле погодени две повеќекатни станбени згради и еден објекти во центарот на градот. Пожарите што пламнале по нападите биле локализирани по брзата интервенција на противпожарните служби. Според информациите, во нападите се оштетени 12 станбени згради во Примарскиот реон на Одеса, во Киевскиот дел е погодена 22-катна зграда за студентско домување, како и зграда во Хаџибејскиот реон. Службите работат на отстранување на последиците од нападот.