Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода три лица

Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с.Врањовци, гостиварско. -При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени, информира МВР. Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.