Тројца штипјани фатени со дрога во Куманово

Тројца штипјани фатени со дрога во Куманово Александра Спасеска 19.03.2026 / 11:37 Хроника Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 34-годишниот В.В., 30-годишниот Р.М. и 22-годишниот В.Ј., сите од Штип. При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On