Брз рецепт за тортиља лазањa: Одлична идеја за ручек кога немате многу време

Брз рецепт за тортиља лазањa: Одлична идеја за ручек кога немате многу време Филип Здравески 19.03.2026 / 11:50 Рецепти Кога ви треба идеја за брз ручек, сетете се на овој рецепт за тортиља лазањa, кој се прави за околу половина час. За сите љубители на лазањи кои не секогаш имаат време за нивна долга и сложена подготовка, оваа верзија со тортиљи е совршено решение. Има сè како вистинскиот рецепт, сос со месо, кремаст бешамел и потпечен кашкавал, но на многу побрз и поедноставен начин. Тортиљите се користат наместо кори за лазањи, кои убаво ги апсорбираат соковите за време на печењето и омекнуваат, но сепак задржуваат блага структура што му дава посебен вкус на секој залак. Последниот слој, збогатен со стопен кашкавал, создава фина, малку крцкава кора што совршено го заокружува целото јадење. Ова е идеален избор за семеен ручек или вечера кога сакате нешто заситувачко, практично и готово за помалку од еден час. Наместо мешано месо можете да користите само говедско или пилешко месо, во зависност од вкусот. Потребни состојки: 6 големи тортиљи сос од месо: 1 кромид 2 средни моркови 450 гр мелено мешано месо 500 мл доматно пире сол бибер лук чили (по вкус) бешамел сос: 100 гр путер 2 лажици брашно 500 мл млеко 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 100 гр пармезан Подготовка: На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид и ренданиот морков додека не омекнат. Додадете го меленото месо и пржете додека не ја промени бојата. Потоа додадете го доматното пире и зачинете по вкус. Оставете да крчка неколку минути додека сосот малку не се згусне. Во посебен сад, растопете го путерот, додадете го брашното и кратко пржете. Постепено додавајте го млекото, постојано мешајќи, за да добиете мазен сос. Зачинете со сол и гответе додека не се згусне. Ставете еден ред тортиљи во кружен сад за печење, потоа филот од месо, па бешамел сосот. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки, завршувајќи со слој бешамел. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете во претходно загреана рерна околу 15 минути. Отстранете ја фолијата, наросете со рендан пармезан и вратете во рерна уште околу 5 минути, додека пармезанот не се стопи и не добие златна кора. рецепт лазања Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On