УХМР објави, еве какво време не’ очекува за продолжениот викенд

Променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец и минусни утрински температури, најавува УХМР за наредните денови. Како што информира, во понеделник ќе има и услови за слаби врнежи од дожд. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достине 15 степени.