Легендарниот Левандовски на еден натпревар сруши два рекорда во ЛШ

Легендарниот Левандовски на еден натпревар сруши два рекорда во ЛШ Александра Спасеска 19.03.2026 / 15:18 Фудбал Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, иако во доцни години како фудбалер, во еден натпревар сруши два рекорда во Лигата на шампионите. Со два гола во убедливата победа на Барселона од 7:2 над Њукасл во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, тој го надмина фудбалскиот GOAT Лео Меси на листата на играчи кои постигнале голови против најразлични тимови во историјата на натпреварувањето. Њукасл стана 41-от клуб против кој Левандовски постигнал гол. Robert Lewandowski makes once again history in Champions League — as he scored against 41 different teams in the UCL. He’s the player able to score against most different opponents in the competition's history. pic.twitter.com/zc6DakpCcv — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 18, 2026 Со двата гола постигнати против англискиот клуб, Левандовски се одвои од Меси, кој остана на бројот од 40 различни противници против кои постигнал голови. Иако неговите голови дојдоа во време кога победникот веќе беше решен, поранешниот напаѓач на Баерн уште еднаш ја потврди својата класа на голгетер. Благодарение на неговите голови во 56-тата и 61-вата минута, со кои резултатот се искачи на 5:2, односно 6:2, полскиот напаѓач сруши уште еден рекорд синоќа: сега е најстариот играч што постигнал два гола во еден натпревар во Лигата на шампионите. Головите погледнете ги ТУКА . Досега, рекордот го држеше легендарниот напаѓач на Италија, Филипо Инѕаги - кога постигна два гола за Милан против Реал Мадрид во ноември 2010 година, „Пипо“ имаше 37 години и 86 дена. Левандовски сега го постигна овој подвиг на возраст од 37 години и 209 дена. Неговиот импресивен број на голови во Лигата на шампионите сега изнесува 109 гола на 141 настап, што го прави единствениот играч покрај Меси и Кристијано Роналдо кој постигнал повеќе од 100 голови во најсилното фудбалско натпреварување во светот. Иако е тешко да се очекува дека ќе ги стигне Роналдо и Меси на вечната ранг-листа на стрелци, Полјакот успеа да го освои овој уникатен рекорд и да се запише во историјата на натпреварувањето на друг начин. Заедно со Полјакот, неговиот соиграч од Барса Ламин Јамал исто така остави трага во фудбалската историја. Шпанското чудо од дете постигна гол од пенал кратко пред крајот на првото полувреме - со што стана најмладиот играч (18 години и 350 дена) што постигнал десет гола во Лигата на шампионите. Роберт Левандовски ЛШ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On