Англиските клубови повторно ги ограничија цените на билетите за гостинските навивачи Александра Спасеска 19.03.2026 / 16:00 Фудбал Со едногласна одлука на сите клубови од англиската Премиер лига, цената на билетите за гостинските навивачи ќе биде ограничена на 30 фунти, или 38,4 евра, во следните две сезони. Оваа одлука е на сила 12 последователни сезони. Максималната цена на билетите од 30 фунти за гостинските навивачи во Премиер лигата беше воведена уште во 2016 година и придонесе за пополнување на трибините резервирани за нив од 82 до 91 процент. Клубовите од Премиер лигата, исто така, ветија дека ќе сносат дел од патните трошоци на своите навивачи на гостинските натпревари. „Гостинските навивачи помагаат да се создаде неверојатна атмосфера на натпреварите по кои е позната Премиер лигата“, се вели во соопштението на лигата во кое се објаснува одлуката. Премиер лига Автор/Извор А.С. Прикажи во метро Off