Ѓорѓиевски преку хуманитарна акција со порака за солидарност, заедништво и меѓусебна почит по повод Рамазан Бајрам

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.