Утре променливо облачно време со сончеви периоди

Утре променливо облачно време со сончеви периоди Филип Здравески 19.03.2026 / 17:37 Македонија Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени, јавува УХМР. Во наредните денови следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off