Корисниците на „TikTok“ се воодушевени од начинот на кој поранешен мачор скитник ѝ покажува љубов на својата сопственичка, но исклучиво под сопствени услови. Џезмин од Јужна Калифорнија го спасила мачорот Пу Бер пред повеќе од една година, а видеото кое го прикажува нивниот необичен однос стана вирален хит со повеќе од 16,5 милиони прегледи.