19 март 1903: Последната акција на Гоце Делчев

19 март 1903: Последната акција на Гоце Делчев Teaser Media kgn-img-503551.jpg Филип Здравески 19.03.2026 / 19:09 Images kgn-img-503561.jpg kgn-img-503557.jpg kgn-img-503559.jpg kgn-img-503556.jpg kgn-img-503552.jpg kgn-img-503562.jpg kgn-img-503553.jpg kgn-img-503560.jpg kgn-img-503558.jpg kgn-img-503554.jpg На денешен ден во 1903 година македонскиот национален херој Гоце Делчев ја извршил својата последна акција пред да загине во Битката кај Баница. Гоце имал намера да го разнесе мостот на реката Струма во Демирхисарско, но бидејќи бил добро обезбедуван, одбрал друга мета. Изборот паднал на мостот на реката Драматица во Драмско. Мостот бил успешно разнесен, како и дел од тунелот, а била прекината железничката линија и две телеграфски линии. Потоа му пишал на Пејо Јаворов за акцијата во весникот „Слобода или смрт“ да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета. Во тие денови до Гоце стигнала веста дека во Солун се вратил Даме Груев, по што се упатил на средба со него. Загинал на 4 мај истата година кога неговата чета била опколена од турски аскер во селото Баница, Серско. Category Вести Tags на денешен ден Гоце Делчев Author/Source Ф.З. Content appears in Metro On Фотки или галерија