Ветувањето е исполнето: Гласот на 2.200 риболовци стигна до Министерот

Здружение „РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ“ – Скопје оствари работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тие ги информираа сите поддржувачи на навната иницијатива дека воспоставиле директен и конструктивен дијалог со министерот. Соопштението го пренесуваме во целост. „Денес, врз основа на нашето Барање за итна работна средба, бев примен од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сакам јавно да го изразам моето задоволство што конечно воспоставивме директен и конструктивен дијалог. Што побаравме во нашето официјално барање, а што добивме денес: 1. Намалување на цените: Разговаравме за енормното зголемување на цените кое го нотиравме во петицијата. Министерот покажа разбирање за нашата споредбена анализа со регионот и прифати дека се потребни корекции. 2. Повластени категории Она што беше точка 2 во нашето барање – попусти за пензионери, млади и ранливи категории – доби целосна поддршка! Ова беше нашето барање за социјална правда во риболовот. 3. Законски измени: Министерот изрази подготвеност за ревизија на делови од Законот за рибарство и аквакултура за да се создадат фер услови за сите рекреативни риболовци. Иако патот започна со административни лавиринти, денес излеговме од Министерството со позитивна енергија и конкретно ветување за промена. Вашите 2.200 потписи и поддршката од повеќе здруженија беа нашиот најсилен адут на масата! Продолжуваме будно да го следиме процесот додека овие ветувања не се преточат во официјални измени. Борбата за фер и достапен риболов продолжува“, објави Радован Димитриевски Здружение „РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ“ – Скопје ОД БАРАЊЕ ДО РЕЗУЛТАТ! ️ Ветувањето е исполнето: Гласот на 2.200 риболовци стигна до Министерот! Почитувани колеги,... Posted by Ribarska Vistina on Thursday, March 19, 2026