„Mercedes“ стар повеќе од 30 години продаден за рекордна сума: Причината е познатиот сопственик

Еден од најпознатите примероци на моделот „Mercedes-Benz 500E“ неодамна беше продаден на аукција за дури 320.000 долари. Автомобилот претходно бил во сопственост на американскиот комичар и страстен колекционер на автомобили Џери Сајнфелд.