Тибо Куртоа ќе отсуствува во наредните 6 недели Филип Здравески 19.03.2026 / 20:36 Фудбал Тибо Куртоа нема да може да им помогне на своите соиграчи во Реал Мадрид во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Баерн. Белгиецот ќе мора да паузира во следните 6 недели поради повреда на квадрицепсот, објавува шпанскиот COPE. Куртоа се повреди во вторникот против Манчестер Сити. Бранеше во првото полувреме, но остана во соблекувалната во паузата меѓу двете полувремиња. Тренерот Алваро Арбелоа по натпреварот откри дека Куртоа побарал замена поради „неиздржлива болка“. Куртоа ќе пропушти неколку важни натпреари на својот тим, првиот е веќе в недела, кога се игра дербито Мадрилењо против Атлетико. Ќе ги пропушти и натпреварите со Баерн на 7 и 15 април. Кога станува збор за Примера, ќе ги пропушти и дуелите со Мајорка, Жирона, Алавес и Бетис. За да биде проблемот уште полош, Куртоа најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, доколку Реал го победи Баерн, кој ќе се игра на крајот на април. Тибо Куртоа Реал Мадрид Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off