Нетанјаху: Ќе го промениме Блискиот Исток

Нетанјаху: Ќе го промениме Блискиот Исток Филип Здравески 19.03.2026 / 20:56 Свет Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел и САД дејствуваат со голема одлучност во Иран и ги наведе трите главни цели на операциите: отстранување на нуклеарната закана, елиминација на балистичките ракети и создавање услови иранскиот народ да ја зграпчи својата слобода. Нагласи дека по 20 дена војна Иран веќе нема можност за збогатување ураниум или производство на балистички ракети. „Потполно ќе ги скршиме сите тие способности“, рече Нетанјаху, додавајќи: „Ќе го промениме Блискиот Исток, ви го ветувам тоа“. Осврнувајќи се на критиките дека Израел ги вовлекол САД во конфликтот, Нетанјаху ги отфрли ваквите тврдења. „Зар некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Ве молам“, изјави тој, додавајќи дека американскиот претседател секогаш носи одлуки во интерес на САД. Во однос на текот на војната, Нетанјаху рече дека таа ќе трае онолку колку што е потребно, но изрази уверување дека ќе заврши многу побрзо отколку што луѓето мислат. Говорејќи за економските последици, истакна дека САД работат на отворање на Ормускиот Проток, со поддршка од Израел. „Ако успеат, што мислам дека ќе успеат, цените на нафтата ќе паднат“, рече Нетанјаху. Воедно, предупреди дека доколку Иран продолжи со развој на нуклеарно оружје и ракети, „ќе бидете уценувани на начини кои никогаш не сте можеле ни да ги замислите“. Нетанјаху додаде дека Израел делувал самостојно во нападите врз иранските гасни полиња, но дека на барање на претседателот Трамп ќе ги прекине идните напади. Исто така посочи дека има многу знаци дека иранскиот режим слабее, додавајќи дека работат на создавање услови за негов пад. Во однос на иднината, Нетанјаху се заложи за создавање алтернативни енергетски рути надвор од Ормускиот Проток, преку нафтоводи и гасоводи низ Арапскиот Полуостров, со цел засекогаш да се елиминираат тесните грла. Бенјамин Нетанјаху Близок Исток Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off