Војната во Иран предизвика она што економистите го нарекуваат „црн лебед“ – непредвиден шок толку разорен што никој не е имун на неговите последици. Додека вооружениот конфликт беснее на Блискиот Исток, каде што стотици цивили се убиени, економскиот шок се шири од Персискиот Залив и речиси сите ќе ги почувствуваат неговите ефекти, пишува Си-ен-ен.