ВМРО-ДПМНЕ: Откриваме кој стои зад фалименто соопштенијата на СДС, кој го најмил и поврзаноста со Заев, Филипче и Србија

-Македонската јавност, извесен период е сведок на целосната безидејност и конфузност на СДС. Во изминатите неколку месеци јавноста и медиумите секојдневно беа „бомбардирани“ со по десетина соопштенија и по неколку прес-конференции од СДС. Заедничко за сите нив е тоа, сите до едно се бесцелни, конфузни, нејасни, кои повеќе одговараат на политиката и политичките случувања во соседство отколку што се однесуваат на прашања значајни за нашата држава. Празните соопштенијата и прес-конференциите на СДС, наместо на стандарден македонски јазик, беа полни со српски фрази. Исто така, во своите писанија, СДС одеа до таму секој ден да пишуваат и зборуваат за соседната земја Србија, до толку да човек помисли дека таму се опозиција, а не во Македонија. И сето тоа не е случајност, туку станува збор за неспособноста на СДС и безидејноста на нивниот прес-центар, за што и ние веќе извесно време констатираме и јавно кажуваме дека зад него стои српскиот државјанин, Зоран Башановиќ, човек близок до Зоран Заев. Во следниот период ќе објавиме кој точно е Башановиќ, со што се занимавал, која е неговата поврзаност со Заев, а со тоа и со Филипче, откриваме кој стои зад соопштенијата на СДС и кој го најмил. Следува целата вистина за фалименто соопштенијата на СДС, се вели во соопштението на партијата.