Сиљановска-Давкова: Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, само со сплотеност и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество

Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница, напиша во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам.