Поради скокот на цената на горивата во Германија, кражбите стануваат сè почести Филип Здравески 20.03.2026 / 12:13 Свет Порастот на цените на горивата во Германија доведе до бран кражби на дизел горива, особено од градилишта, цистерни и камиони, соопшти германската полиција. Во последните неколку дена, инциденти беа пријавени во Долна Саксонија, Хесен и Баден-Виртемберг, во кои непознати лица украле илјадници литри гориво, објави Bild. Само во Бизендорф, 3.000 литри дизел исчезнале од градилиште, а во Швалм-Едер, повеќе од 1.500 литри исчезнале од резервоари и градежна опрема. Полицијата изјави дека мотивот за кражбите е поврзан со високите цени на горивата – литар дизел сега чини 2,16 евра, што е зголемување од 46 центи од почетокот на војната на Блискиот Исток. Во неколку случаи, сторителите биле фатени, вклучувајќи и 37-годишен маж од Билштет со канистри со украдено гориво. Инциденти не се случуваат само на градилишта – во Равенсбург и Улм, неколку илјади литри биле украдени од индустриски возила и магацини, додека возачите на камиони во Мехерних изгубиле 1.600 литри дизел додека спиеле, пренесува медиумот. Портпаролката на полицијата истакна дека бројот на вакви кражби е невообичаен и дека е потребен сериозен напор за да се спречат слични случаи во иднина. Германија нафта Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off