Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд соопшти дека неговата земја го задржува правото на воена интервенција против Иран. -Секако, како што веќе јасно ставивме до знаење, го задржуваме правото да преземеме воена акција доколку е потребно. Ако дојде време за тоа, раководството на Кралството ќе донесе таква одлука, изјави Бин Фархан Ал Сауд по состанокот на група од 12 арапски и исламски земји во Ријад. Тој додаде дека Иран не верува во разговори со своите соседи, но се обидува да изврши притисок врз нив, дека тоа нема да функционира и дека овој притисок ќе предизвика лоша политичка и морална реакција. -Не можам да го сметам за случаен нападот врз Ријад додека се среќаваат неколку дипломати... Мојата дипломатска кариера не е толку долга, па (досега) не сум доживеал толку очигледен обид за уцена како ракетниот напад додека се одржува дипломатски состанок, изјави Ал Сауд на прес-конференција, неколку часа откако осум балистички ракети беа соборени над Ријад.