Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил во Скопје

Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил во Скопје Филип Здравески 20.03.2026 / 13:42 Хроника Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во 12:50 часот на ул. „Благоја Стефковски“, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А. (20) од Скопје. Според пријавеното, по незгодата, возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот Б.А., а откако двајцата си заминале од местото на настанот, но Б.А. почувствувал болки и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off