Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека не гледа непосредни безбедносни закани за Италија, и покрај предупредувањата на Иран за можни напади врз туристички дестинации. Тајани оцени дека иранските закани се „многу неодредени“, но дека, како што истакна, „не треба да се потценуваат“. Тој нагласи дека италијанските безбедносни и разузнавачки служби ја зголемиле контролата од почетокот на конфликтот, додавајќи дека зголемените мерки не треба да предизвикуваат страв кај граѓаните.