Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и следната сезона ќе биде дел од Борац Бања Лука, откако денеска го продолжи договорот со актуелниот првак на БиХ до лето 2027 година. „Тој вели дека ја сака Бања Лука колку и неговото родно Скопје, а дресот на Борац ќе го носи и следната сезона. Дамјан Шишковски, на радост на сите во Платонова 6, потпиша нов договор до 2027 година. Шиле, одиме на нови победи“, објави клубот од Бања Лука. Шишковски го продолжи договорот пред почетокот на репрезентативната пауза во која со македонската репрезентација го очекува дуелот против Данска на 26 март во Копенхаген во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство. Шишковски ја почна кариерата во скопски Работнички, а пред доаѓањето во Бања Лука, го бранеше голот на Гент, Лахти, Рованиеми, Докса и Арарат.