Јокиќ го реши Торонто, Дурент и Хјустон ја прекинаа неверојатната серија на Атланта НБА 2025/2026 Филип Здравески 21.03.2026 / 09:34 Кошарка Денвер Нагетс оствари тешка победа против Торонто Репторс со резултат 121:115, а Никола Јокиќ повторно ја презеде клучната улога. Српскиот центар го погоди клучниот шут за водство на 45 секунди до крајот на натпреварот, со што ја започна решавачката серија од 6:0 на Нагетс со која се реши победникот. Јокиќ го заврши мечот со 22 поена, 9 асистенции и 8 скокови, додека најефикасен кај актуелните шампиони беше фантастичниот Џамал Мареј со 31 поен. Одлична поддршка имаа и во Тим Хардавеј Џуниор, кој додаде 23 поени (одлични 7/10 за тројки), и Арон Гордон со 16 поени. Јакоб Пелтл беше одличен со 23 поени и 11 скокови, а заедно со него во редовите на Торонто се истакнаа Брендон Инграм со 19 и АрЏеј Барет со 18 поени. Remote video URL На сè му доаѓа крајот, вклучително и импресивната серија на Атланта Хокс од 11 последователни победи. За тоа се погрижија Хјустон Рокитс, славејќи на домашен терен со убедливи 117:95. Главниот збор на теренот го имаше Кевин Дурент, кој ги предводеше Рокитс со 25 поени. Одлично го пратеше Џабари Смит Џуниор со 23 поени, додека Алперен Шенѓун запиша 15 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Клучниот пресврт се случи во третата четвртина кога Рокитс ги прегазија гостите добивајќи ја со 39:22 и ги отстранија сите сомнежи за победникот. Најефикасен играч во редовите на Хокс беше Никил Александер-Вокер со 21 поен, додека СиЏеј МекКалам и Закари Ризаше додадоа 17, односно 16 поени. Remote video URL Резултати: Бруклин Нетс – Њујорк Никс 92:93 Детроит Пистонс – Голден Стејт Вориорс 115:101 Хјустон Рокитс – Атланта Хокс 117:95 Мемфис Гризлис – Бостон Селтикс 112:117 Минесота Тимбервулвс – Портланд Треил Блејзерс 104:108 Денвер Нагетс – Торонто Репторс 121:115 Табела: НБА Никола Јокиќ Кевин Дурент Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On