Поради техничка грешка на бензинска пумпа возачите полнеле дизел по 1,20 евра за литар

Поради техничка грешка на бензинска пумпа возачите полнеле дизел по 1,20 евра за литар Необична случка во Германија Филип Здравески 21.03.2026 / 10:13 Свет Во градот Бинде во Северна Рајна-Вестфалија, возачите добија можност што ретко се случува – да наполнат дизел по неверојатно ниска цена од 1,20 евра за литар. Техничка грешка на една бензинска пумпа предизвикала гужва и необични сцени во средата вечерта, пишуваат германските медиуми. Возачите не полнеле само за себе, туку и за други, за да не ја пропуштат шансата за евтино гориво. Според сопственикот на пумпата, дефектот бил во автоматското подесување на цените, а грешката била забележана дури кога сосед го известил. Цената потоа била рачно исправена, но за околу 90 минути купувачите можеле да наполнат гориво по погрешната ниска цена. Во последно време, многу Германци од пограничните области често одат во соседните земји како Полска или Чешка за поевтино гориво. Германија Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On