[ФОТО] Возач во Штип фатен со 105 км/ч во населено место

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:20 часот на булевар „Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.