Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе учествува на меѓународниот фестивал во Стеин, Холандија. Фестивалот се одржува денеска и утре, а Мандолинскиот оркестар е најавен како специјален гостин на фестивалот и ќе одржи два концерти. Учеството на овој фестивал е поддржано од Министерството за култура.