Шок за купувач кој платил 195 илјади евра за одело на олимписка ѕвезда – дознал дека е измамен!

Според германските медиуми, се покажало дека портокалово-синиот костим воопшто не е оној што Лердам го носела за време на својата победничка трка на 1000 метри во Милано. Дури по завршувањето на аукцијата било откриено дека убавата Холанѓанка всушност не го носела тој дел од опремата на самото натпреварување.