Пленковиќ: Светот е на почетокот на она што е веројатно најголема енергетска криза

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека светот е на почетокот на она што е веројатно најголема енергетска криза. Тој им рече на новинарите по посетата на реновираните локации по повод шестгодишнината од земјотресот во Загреб дека владата на земјата ќе ги искористи сите алатки што ѝ се на располагање за да ја ублажи таа состојба. Тој, исто така, оцени дека енергетската криза предизвикана од војната може да потрае, со оглед на тоа што ситуацијата ескалирала со нападот на Израел врз нафтеното поле Јужен Парс и одмаздата на Иран против енергетските објекти низ Заливот. „Доколку полиња и рафинерии бидат погодени, тогаш времето потребно за враќање во состојбата на нормализација ќе потрае подолго. Затоа таа проценка на Меѓународната агенција за енергија е многу сериозна“, рече тој. Тој, исто така, верува дека енергетската криза ќе биде поизразена од онаа пред четири години, имено онаа предизвикана од агресијата на Русија врз Украина, и посочи дека ова е ненадејно и големо зголемување на цените на енергенсите што нужно бара владини мерки. (МИА)