Од почетокот на нападите пред три недели, американската војска погодила повеќе од 8000 цели во Иран, изјави Бред Купер, командант на американската Централната команда (ЦЕНТКОМ). Меѓу нив се и 130 ирански бродови, објасни Купер во видео објавено на платформата Икс. Тој го нарече тоа „најголемото уништување на поморски бродови во период од три недели од Втората светска војна“. Посочи дека војската останува фокусирана на „систематското уништување на децениската иранска закана за слободниот проток на трговијата низ Ормуската Теснина“. Тој исто така истакна дека претходно оваа недела, САД фрлиле повеќе бомби со тежина од околу 2.270 кг врз подземен објект лоциран по должината на иранскиот брег. Купер откри дека Техеран користел „добро заштитен и утврден подземен објект за тајно складирање на противбродски крстосувачки ракети, мобилни ракетни лансери и друга опрема што претставува огромен ризик за меѓународниот бродски сообраќај“. (МИА)