Мајк Џонсон: Воената операција против Иран ќе биде брзо завршена

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон, изјави дека воената операција против Иран ќе биде брзо завршена, објавија денеска американските медиуми. Тој додаде дека смета оти „првичната мисија сега буквално е исполнета“. „Се обидовме да уништиме балистички ракети и средствата за нивно производство, како и да ја неутрализираме морнарицата, а тие цели сега се исполнети“, рече американскиот функционер. (МИА)