Дуплантис освои злато на Светското првенство, но одби да оди по нов светски рекорд

Дуплантис освои злато на Светското првенство, но одби да оди по нов светски рекорд Филип Здравески 22.03.2026 / 11:57 Останати спортови Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис четврти пат по ред ја освои светската титула во скок со стап во сала. Дуплантис го освои Светското првенство во сала во полскиот град Торуњ со скок од неверојатни 6,25 метри. Со тоа, тој го сруши сопствениот рекорд на Светското првенство во сала од 6,20 метри, кој го постави во Белград во 2022 година. Второто место и сребрениот медал му припаднаа на Гркот Емануил Каралис со скок од 6,05 метри, додека бронзата му припадна на Австралиецот Куртис Маршал (6,00 метри). Watch how Mondo Duplantis cleared 6.31m for his 15th world pole vault record in Sweden Duplantis cleared the mark at his own meeting and was mobbed by his other competitors afterwards Watch the full highlights on Eurovision Sport below https://t.co/1EgMIQfrfp pic.twitter.com/KEnpO6fqJP — AW (@AthleticsWeekly) March 12, 2026 По соборувањето на рекордот на натпреварувањето, Дуплантис ја разочара публиката во Торуњ одлучувајќи да не се стреми кон нов светски рекорд. Популарниот Мондо неодамна по 15-ти пат постави нов светски рекорд од 6,31 метри, но во Торуњ одлучи да не ја крева летвата на 6,32 метри. По неговата победа, тој објасни дека натпреварувањето било исцрпувачко поради силната конкуренција и кратката пауза помеѓу скоковите, па решил да ја зачува својата сила. Арманд Дуплантис атлетика Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On