Цел Милан го моли Модриќ да не се пензионира по Мундијалот: Хрватот го има последниот збор Филип Здравески 22.03.2026 / 13:15 Фудбал Лука Модриќ има 40 години , што е сериозна бројка за врвни спортисти, но и покрај долгиот период на играње и големите трошоци, тој сè уште игра на високо ниво. Толку му значи на тимот на Милан што сите во таборот на „Росонерите“ го убедуваат дека и тоа како им е потребен. И дека и за ќе биде добро ако не се откаже од кариерата по уште едно учество на Светското првенство со хрватската репрезентација. Според најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, целиот клуб се кренал на нозе за освојувачот на најмногу трофеи во историјата на славниот Реал Мадрид да остане и по истекот на тековната соработка, која истекува на 30 јуни годинава. Пред сè, спортскиот дел од раководството, а потоа тренерот Масимилиано Алегри и неговите соиграчи, бидејќи неговите топки „со очи“, асистенциите и головите на неверојатниот офанзивен играч за врска многу им значат на сите нив. На кампањата за задржување на Модриќ индиректно се придружија и навивачите на повеќекратниот европски шампион, кои го опсипаа со разни пофалби на стадионот и на социјалните мрежи. И со молби по Светското првенство во САД, Мексико и Канада да не ја затвори последната страница од својот богат професионален живот, во кој беше дел и од Задар, Интер Запрешиќ, Динамо Загреб, Зрињски (Мостар) и Тотенхем. A partir del día de hoy, el Balón de Oro de Luka Modric está siendo exhibido en el Museo Mondo Milan. El mago croata quiso tener este detalle como agradecimiento a los aficionados rossoneros. Lukita se ha sentido como en casa desde que llegó a San Siro y ésta es una manera de… pic.twitter.com/Hbt9lvfwjT — Invictos (@InvictosSomos) March 19, 2026 Лука Модриќ Милан Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On