На 21.03.2026 во 21:55 часот во Гостивар полициски службеници го лишиja од слобода Г.Г.(34) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и му барал 5000 евра, кои наводно му ги должел. Според пријавеното, Г.Г. му праќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објавел снимка од разговор меѓу нив. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.