Премиерот на Полска, Доналд Туск синоќа изјави дека Варшава „се сомневала“ дека владата на Унбгарија со години ја информирала Русија за состаноците на Советот на ЕУ. Неговата изјава уследи откако „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори, објави дека унгарската влада предводена од премиерот Виктор Орбан ја ѝ обезбедувала на Москва пристап до дискусиите за чувствителни теми во Европската Унија. Според „Вашингтон пост“, шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за време на паузите на состаноците на Советот на ЕУ го информирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. - Веста дека луѓето на Орбан детално ја информирале Москва за средбите на Советот на ЕУ не треба да изненадува никого. Долго време се сомневаме во ова. Ова е една од причините зошто зборувам само кога е строго неопходно и кажувам колку што е потребно објави Туск на Икс. Сијарто му одговори на Туск на Икс, обвинувајќи го дека шири „лажни вести“. Лажни вести, како и обично. Кажувате лаги за да ја поддржите партијата ТИСА и да воспоставите провоена марионетска влада во Унгарија. Нема да добиете, наведе Сијарто. ТИСА е главната опозициска партија во Унгарија, која моментално води на анкетите, три недели пред парламентарните избори. Односите меѓу Варшава и Будимпешта се затегнати откако Унгарија ја блокираше европската помош за Украина и одржува блиски врски со Русија.