Кривични пријави за 3 угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници

Кривични пријави за 3 угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници Филип Здравески 23.03.2026 / 08:26 Хроника Во текот на продолжениот викенд 19-22 март полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред сѐ околу точењето на алкохол на малолетници. Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во 3 објекти затекнати се малолетници послужени со алкохолни пијалаци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „точење алкохол на малолетници“. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off