Паје замина во пензија

Францускиот офанзивен играч од средниот ред, Дмитри Паје, го објави крајот на кариерата седум дена пред неговиот 39-ти роденден. Поранешниот играч на Ексцелзиор од неговиот роден Реунион, Нант, Сент Етјен, Лил, Марсеј, Вест Хем и Васко де Гама го стори тоа по 22 сезони во професионален фудбал и речиси 800 натпревари.