Денвер лесно со Портланд, се врати на четвртото место на Западот

Денвер Нагетс, со тимска игра ги победија Портланд Трејл Блејзерс со 128:112. Никола Јокиќ предводеше група од седум кошаркари на Денвер со двоцифрен број на поени. Денвер со оваа победа се искачи пред Хјустон на четвртото место во Западната конференција.