Kajgana
Изминатите три дена 1.699 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 60 лица за безобѕирно возење Филип Здравески 23.03.2026 / 11:47 Македонија Во текот на изминатиот продолжен викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.699 издадени платни налози 476 прекршоци се однесуваат на возачи што не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, 6 поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец. Во истиот период одземени се 20 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен викенд евидентирани се 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 10 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 193 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 9 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site