Ски сезоната на Попова Шапка продолжува
Kurir

Ски сезоната на Попова Шапка продолжува

Ски центарот Попова Шапка известува дека скијачката сезона продолжува. -Ски центарот е во одлична состојба и работи секој ден, нудејќи идеални услови за скијање. Ве покануваме да уживате во секој момент на нашите патеки и да ја доживеете магијата на зимата. Добредојдовте, велат од ски центарот. Променливото време на планините донесе врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка создавајќи услови за продолжување на ски сезоната. Снежни врнежи на планините се најавени и за претстојниот викенд.

Go to News Site