Kajgana
Уапсен возач во Скопје, возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила Филип Здравески 27.03.2026 / 12:24 Хроника Полицијата уапси возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила. Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л. (46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул. „Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило Chevrolet Aveo со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило Honda со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило OPEL Astra со скопски регистарски ознаки. „При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик Bезобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site