ВМРО-ДПМНЕ ги критикува СДСМ и Филипче: Работат спротивно на државните интереси
Kajgana

ВМРО-ДПМНЕ ги критикува СДСМ и Филипче: Работат спротивно на државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги критикува СДСМ и Филипче: Работат спротивно на државните интереси Александра Спасеска 28.03.2026 / 10:27 Македонија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, поради, како што наведуваат, сервилни и поданички политики, доживеала сериозен пад на поддршката и се свела на околу 130 илјади гласа. Од партијата тврдат дека СДСМ и во време кога била на власт, но и сега од опозиција, продолжува да спроведува антидржавна политика, под влијание на Венко Филипче, Зоран Заев и нивниот, како што велат, советник Зоран Башановиќ. „Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на сите нивните барања, на сметка на интересите на Македонија, е антидржавна политика која ја има и во статутот на СДС. Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја довел партијата во ќорсокак и ја претворил во „прокси партија“, која, според ВМРО-ДПМНЕ, работи спротивно на државните интереси. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека поради овие политики рејтингот на СДСМ и на Филипче е значително намален и дека партијата не извлекла поука од изборните порази. Партијата додава дека СДСМ продолжува да делува антидржавно, и покрај, како што велат, пораките што ги добила од граѓаните на изборите. ВМРО-ДПМНЕ СДСМ Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site