Kajgana
YouTube има нова бескорисна функција Александра Спасеска 29.03.2026 / 13:13 Интернет Уште во август минатата година, Google воведе големи промени во својот Discover фид, заменувајќи ги оригиналните наслови на објавите со резимеа генерирани од вештачка интелигенција. Сега, истото го тестира и за YouTube. Честите корисници на Discover веќе забележаа дека Google сега групира повеќе извори на вести од различни страници во еден блок. Бидејќи сè е базирано на вештачка интелигенција, системот е склон кон грешки, па затоа често се појавуваат неточни или нелогични наслови. Сепак, ова не го спречува Google да ја прошири оваа функција на други платформи, како што е YouTube. Некои корисници на Reddit пријавија дека YouTube им прикажува резимеа со вештачка интелигенција наместо класични наслови на видеа. Во примерите што ги споделија корисниците, насловите се целосно отстранети и заменети со кратки описи, без јасно име за видеото. Засега, тестирањето се чини дека е ограничено на Android верзијата на апликацијата. Is Youtube removing titles? by u/madcuntKore in youtube Во пракса, фидот сега прикажува минијатура, а под него е склоплив блок со опис генериран од вештачка интелигенција. Таквиот приказ изгледа прилично непрактичен, бидејќи корисниците мора дополнително да го отворат секој резиме за да дознаат за што се работи во видеото. Поради сето ова, пребарувањето содржина станува побавно и позаморно, што е спротивно на логиката на платформата, која сака корисниците да пронајдат интересна содржина што е можно побрзо, објавува Android Authority . Иако нема официјална потврда дали оваа функција ќе се имплементира пошироко, се чини веројатно дека ќе се имплементира, со оглед на зголемената зависност од AI digests. Во меѓувреме, отсуството на наслови може да биде само грешка, но од YouTube засега нема официјална информација за тоа. YouTube Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site