Kurir
Венко Филипче повторно ги измеша лончињата, по којзнае кој пат. Веројатно, не му е лесно со сите афери кои како Дамоклов меч му висат над „лидерската“ глава и над слободата. Како поинаку да се протолкува одговор на понуда која некој му ја дава на македонски, а тој одговара ѓоамити е дадена на мандарински? Па и така, со денешнава технологија, преводот ќе беше саглам, ќе разбереше ајванот. Арно ама, уплавот си го прави своето, така што издерувањето на Венко со извичници и неразбирањето на понудата стануваат сосема разбирливи. Не му е лесно на човекот, разберете го... Така, вчера пратеникот Миле Лефков му даде еден сосема пристоен и доблесен предлог, по сето ширење паника деновиве од страна на Венко, тој вака му порача на Филипче: -Еве ви контра-понуда, ајде заедно да се обединиме и да побараме гаранции од ЕУ дека по евентуални уставни измени, Македонија нема да биде блокирана поради билатерални прашања. Можеби ако имаме заедничка позиција може да издејствуваме подобри гаранции. Пренесете му го тоа на Филипче како контра-понуда од нас – изјави за 24 Анализа Лефков. Во превод, СДС - опрајте се, да застанеме заедно како Македонци, унисони, единствени и едногласни и да побараме гаранции за чекорот кој вака нема никаква предвидливост и гаранција дека е последна отстапка. Ова го кажа Лефков, да му појасниме на Венкота. Не треба да сте Ајнштајн за да го разберете понуденото од Миле, но треба да сте очајниот Филипче за да го разберете вака, како што се развреска по социјалните мрежи: „ Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега!“ , напиша Филипче на Фејсбук, без да разбере што некој му понуди и верглајќи ги како расипана плоча наизуст научените фрази за ЕУ и малцинства со кои со месеци ја труе македонската јавност. Ало, човеку, кој побогу ти понуди влез во некаква влада? Какви позиции и фотелји сонуваш? Тендер коалицијата беше ваша, на Зоки и Алија, не мешај баби и жаби, но како воопшто ти паѓаат такви идеи на памет, дека некој ќе го сака твоето „ценето“ присуство и партија со мизерен рејтинг кој полека влегува во доменот на статистичка грешка? Сепак, ова е инфантилниот одговор на СДС и Венко кој објаснува многу работи. Она, кога некој ти нуди, конечно, првпат во животот да се однесуваш како Македонец и те поттикнува да покажеш храброст за Македонија, да се надминеш себеси и сопствените одродски злодејнаија и сефте, да тргнеш по правиот, по македонскиот пат, а ти тресеш зелени, спинуваш, манипулираш, си додаваш контексти, си прошируваш понуди, се раздераваш и едноставно, си покажуваш кој си. Не бадијала, македонскиот народ вели: НЕ СЕ РАСПРАВАЈ СО БУДАЛА, ЌЕ ТЕ СИМНЕ НА НЕГОВО НИВО И СИГУРНО ГУБИШ. Така и со пратеникот Лефков и ВМРО-ДПМНЕ, не им давајте доблесни, промакедонски предлози на саможиви и криминогени ликови закитени со автошовинизам, оикофобија, самопрезир и најлепливи рачиња на светот, македонски кафени сахиби кои никогаш и не биле Македонци, поранешни Југословени кои сега глумат Европјани. Оставете ги да тонат во сопствената тиња, не можат да ве разберат кога им говорите за вредности, за повисоки цели, за Македонија... П.С. И Шмрчко, под итно, да престане да му дава од тоа иљачот на лидерот, од авион се гледа дека му шкоди...
Go to News Site