Collector
Нов проект од Европската Унија за општина Бутел | Collector
Нов проект од Европската Унија за општина Бутел
Kurir

Нов проект од Европската Унија за општина Бутел

Денес (22 мај 2026 год.) градоначалникот на општина Бутел, арко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста - REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија 2021-2027. Проектот „REDUCE“ има за цел да придонесе кон почиста и поодржлива животна средина преку подобрување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпад. Активностите во најголема мера се насочени кон надминување на заедничките предизвици со кои се соочуваат и двете општини во Косово и Македонија. Воедно, проектот ќе помогне општината да ги унапреди своите практики, согласно европските стандарди за заштита на животната средина. Добивката од проектот “REDUCE” е почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпад и поголема еколошка свест кај граѓаните. Со помош и поддршка од Европската Унија се создаваат конкретни и долгорочни решенија кои во голема мера ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.

Go to News Site