Kurir
ООУ „Блаже Конески“ денеска беше место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за продолжување на своето образование. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој ја истакна важноста од навремено препознавање и поттикнување на детските таленти, интереси и способности. „Секое дете носи посебен потенцијал и токму затоа наша обврска како општество е да им помогнеме навреме да го пронајдат својот пат. Занаетите имаат огромна вредност и значење, а вложувањето во младите е најважната инвестиција за иднината“, истакна Митески. Учениците покажаа голем интерес за различните образовни насоки и професии, а ваквите средби претставуваат значајна поддршка во нивниот избор за понатамошно образование и професионален развој. Општина Аеродром останува посветена на создавање можности за младите, поддршка на нивните таленти и поттикнување на квалитетно образование. Учениците од Аеродром со своите успеси, освоени награди и интереси во различни области секојдневно потврдуваат дека се нашата најголема гордост и надеж за подобра иднина.
Go to News Site